Медицинскиот комбиниран третман за лице

Медицинскиот комбиниран третман за лице се состои од
1. Соодветна припрема на кожата за третманот
2. Мануелна експресија на комедони/
дијамантска микродермоабразија
3. Монополарен радиобран
4. Фототерапија/ IPL отстранување на влакна, надусници
5. Сонофореза за внес на активни состојки во кожата
6. Кислородна инфузија на кожата
7. Соодветна нега на кожата после третманот

Медицинскиот комбиниран третман обезбедува чиста и хидрирана кожа, стимулирана колагенска синтеза со затегнување на кожата, подобрен тонус на лицевата мускулатура…го решава проблемот со акните и несаканите влакна на надусници, ги измазнува брчките и намалува лузните, ја затегнува кожата.